Израел

Израел соопшти дека убил пет палестински борци во џамија на Западниот Брег

29.08.2024 09:36

Убиени уште пет вооружени лица во џамијата Тулкарем, меѓу нив и локалниот лидер на милитантите. ООН повикаа на итен прекин на операциите додека Тел Авив тврди дека има право да се брани од иранскиот терор...

Израел ја продолжува операцијата на Западниот Брег. Убиени уште пет вооружени лица во џамијата Тулкарем, меѓу нив и локалниот лидер на милитантите. ООН повикаа на итен прекин на операциите додека Тел Авив тврди дека има право да се брани од иранскиот терор.

„Нема да седиме со скрстени раце и да чекаме експлозии на автобуси и кафулиња во центрите на градовите. Операциите имаат јасна цел-спречување на иранскиот терор преку нивните полномошници кои би им наштетиле на израелските цивили“, изјави Дени Данон, израелски амбасадор во ООН.

САД ги признаваат безбедносните потреби на Израел, но бараат заштита на цивилите. На фронтот со Хезболах и натаму тензично.

„Ова не е крајот на приказната. Крајот ќе дојде само кога ќе ја вратиме безбедноста, а жителите безбедно во нивните домови“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Во нападите во Газа погодено обележано хуманитарно возило кое се движело во конвој-обвинуваат од ООН.