Јапонија

Тајфунот Шаншан ја погоди југозападна Јапонија

29.08.2024 09:38

Десетици повредени, и исчезнати откако тајфунот Шаншан го погоди островот Кјушу на југозападот од Јапонија. Во градот Јуфу вклучен црвен аларм откако река се излеа од коритото...

Десетици повредени, и исчезнати откако тајфунот Шаншан го погоди островот Кјушу на југозападот од Јапонија. Во градот Јуфу вклучен црвен аларм откако река се излеа од коритото.

Силните ветришта од над 250 километри на час и поројниот дожд зад себе, оставија поплавени улици и над 250 илјади домаќинства без струја. Невремето во наредните денови се очекува да го погоди и главниот град Токио за што е издадена наредба за евакуација на милиони луѓе.