Продолжуваат нападите меѓу Русија и Украина
Трет руски напад врз Киев за само четири дена. Одбраната на Украина соборила над 10 беспилотни летала над градот. Возврати со удар врз Белгород. Руските власти потврдија дека има жртви и повредени. Трупите на Киев напредуваат во Курск, руските сили пак, во правец на Покровск.

„Во Покровск е исклучително тешко, најголемите руски сили се концентрирани таму, а нашата отпорност да го уништиме окупаторот сега е многу важна. Во областа Курск ја прошируваме контролата. Продолжуваме да инсистираме дека укинувањето на ограничувањата за ударите на долг дострел сега – ќе ни помогне да ја завршиме војната поскоро“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Киев допрва ќе плаќа за својата авантура во Курск-се закани рускиот претставник во ООН.
„Во отсуство на резерви што украинските вооружени сили ги префрлија во Курск, руските трупи сега ги ослободуваат последните упоришта што украинците ги зајакнуваа и ги држеа од 2014-та. И тоа е само почеток. Украина добро ќе ни плати за „авантурата Курск“, изјави Дмитриј Пољански, заменик на постојаниот претставник на Русија во ООН.
Истовремено НАТО ја потврди својата посветеност за зајакнување на одбраната на Украина, додека Британија и Германија истакнаа дека нема нови одлуки во однос на користењето на оружјето од западот. Најголемиот проблем за сојузниците да усвојат нова политика за поддршка на Украина е стравот од ескалација-велат од украинското МНР.