Свет

Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди Авганистан

29.08.2024 09:57

Земјотресот бил на длабочина од 224 километри, но добро се почувствувал...

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Авганистан.

Земјотресот бил на длабочина од 224 километри, но добро се почувствувал.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 200 километри источно од градот Кундуз, но тресењето на земјата се почувствувало во Кабул, но и во Исламабад, Пакистан.