Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска
Во македонската владина делегација се и шефот на дипломатијата Муцунски и министрите за образование и за здравство, Јаневска и Таравари. Покрај билатералните односи и регионот, на маса евроинтегративниот пат на земјава...

Премиерот Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска. Во Загреб ќе има средби со неговиот домаќин Пленковиќ, со претседателот Милановиќ и во хрватскиот Сабор. Во македонската владина делегација се и шефот на дипломатијата Муцунски и министрите за образование и за здравство, Јаневска и Таравари.
Покрај билатералните односи и регионот, на маса евроинтегративниот пат на земјава. Се очекува уште еднаш да биде потврдена безрезервната поддршка на Хрватска за нашето членство во Европската унија.
Од Загреб известува Викторија Милевска
