САД

Кина ги предупреди САД да ја прекинат воената соработка со Тајван

29.08.2024 11:00

Американскиот советник за национална безбедност ја завршува посетата на Пекинг...

Американскиот советник за национална безбедност ја завршува посетата на Пекинг. Со оглед на состојбата во светот и потребата за одговорно управување со односите меѓу САД и Кина, мислам дека ова е многу важен состанок, изјави Саливен на средбата со високиот кинески воен функционер, Џанг Јуксиа. Кина побара од Вашингтон да ја прекинат воената соработка со Тајван. Двете земји се обидуваат да ги стабилизираат билатералните односи и да ги надминат разликите околу Јужнокинеско море и Тајван за да спречат иден можен конфликт.

„Вие играте клучна улога во формулирањето на американската национална безбедносна политика и политиката за Кина. Вашето барање да се сретнете со мене ја покажува вредноста што ја давате на воената безбедност и на односот меѓу нашите војски“, изјави Џанг Јуксија, потпретседател на Централната воена комисија на Кина.

„Ретко е да имаме можност за ваков вид размена, и со оглед на состојбата во светот и потребата одговорно да управуваме со односите меѓу САД и Кина, мислам дека ова е многу важен состанок“, изјави Џејк Саливан, советник за национална безбедност на САД.