Србија

Макрон во дводневна посета на Србија

29.08.2024 12:16

Францускиот претседател, Емануел Макрон, пристигнува во дводневна посета на Србија. Главен фокус на средбата со неговиот колега Вучиќ, се европските интеграции на Србија...

Францускиот претседател, Емануел Макрон, пристигнува во дводневна посета на Србија. Главен фокус на средбата со неговиот колега Вучиќ, се европските интеграции на Србија.

Според агендата, францускиот претседател треба да одржи и говор на Форумот за млади и вештачка интелигенција.

Пред посетата, Вучиќ за РТС изјави дека една од темите на коишто ќе разговара со Макрон, ќе биде и купувањето на авиони Рафал. Двајцата претседатели ќе потпишат и неколку билатерални договори.