Мал пожар во детската клиника, нема повредени ниту материјална штета

09.07.2014 21:01

Заради безбедност, брзо биле евакуирани децата и вработените...

Вечерва на детската клиника во Скопје се случи помал пожар. Во помошна просторија на третиот кат се запалиле сунѓер и инвалидска количка. Материјалот од кој биле направени предизвикал голем чад и ги алармирал вработените.

Огнот бил брзо изгаснат и нема повредени ниту материјална штета. Заради безбедност, брзо биле евакуирани децата и вработените.

На местото на инцидентот итно пристигнаа четири противпожарни возила.