Македонија

Пукање во Арачиново, повреден е 24- годишен жител од селото

29.08.2024 12:26

Синоќа околу 21 часот пукање во скопско Арачиново. Едно лице е повредено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР…

Истрели од огнено оружје одекнаа во скопско Арачиново. На мост во близина на центарот на селото, засега непознат сторител пукал кон 24-годишен маж, локален жител по што побегнал од местото на инцидентот.

Од комплексот клиники „Мајка Тереза“ потврдуваат дека половина час по пукотницата кај нив е згрижен повредениот.

„Пружена е соодветна здравствена заштита. Пациентот е дијагностициран од страна на дежурните тимови и е упатен на натамошни иследувања во соодветните хируршки гранки“, велат за МТВ од Клиниката.

Има и жители на Арачиново кои сведочат дека поради ваквите инциденти не се чувствуваат безбедни.

Во април годинава во истото село имаше и обид за убиство на градоначалникот.

Анита Димитријевска – Велковска