Делегација на ПССЕ во Македонија- бара враќање на опозицијата во Собранието
Според шефот на македонската делегација во Парламентарното собрание, Александар Николовски, ова е редок случај на постизборен мониторинг...

Мисијата на Советот на Eвропа доаѓа во Mакедонија. Враќање на опозицијата во Парламентот е главната цел на посетата. Според шефот на македонската делегација во Парламентарното собрание, Александар Николовски, ова е редок случај на постизборен мониторинг.
Делегацијата на Ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за ќе биде примена од претседателот на националното Собрание, Трајко Вељаноски.
Членовите на Ад-хок Комисијата на ПССЕ ќе имаат средби и со Александар Николоски, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на СЕ и членовите на Делегацијата, со претставник на ДУИ, како и со претседателот на ДПА, Мендух Тачи.
