Техничките факултети атрактивни за идните студенти
Новите студиски програми на техничките факултети привлечни за идните бруцоши. Редици за упис на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Пораст од околу 50 проценти на ученици кои сакаат да студираат на Факултетот за електротехника и информациски технологии...

Техничките науки и годинава атрактивни. Во редици се чекаше за упис на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. И на Факултетот за електротехника и информациски технологии има пораст од околу 50 проценти на ученици кои сакаат да студираат, во споредба со изминатите години.
Младите сакаат да останат во Македонија и да основаат свои компании.
Новите студиски програми привлечни за идните бруцоши, местата речиси пополнети.
На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство има дополнителен простор за студентите во техничко-технолошкиот кампус.
Младите кои поднесуваа документи сметаат дека со техничките науки полесно ќе дојдат до вработување.
Факултетите нудат флексибилни студиски програми, со цел да им се олесни на младите кои паралелно студираат у работат, а сè поголем број на студенти се одлучуваат на ваков чекор.
Александра Спировска
