Прв уписен рок на УКИМ, слободни речиси 10.000 места за студенти во прва година
Денеска и утре прв уписен рок за новите студенти на најстариот универзитет во земјава, „Свети Кирил и Методиј“. Има речиси 10 илјади слободни места за идните бруцоши. И годинава голем интерс има за медицина, но значителен број места се достапни и на Филозофскиот факултет, Филолошкиот, Правниот и Економскиот...

Универзитетите ја отворија вратата за бруцошите. Почна првиот уписен рок на УКИМ, слободни над 9.900 места за студенти во прва година. Процесот се одвива на 23 факултети што се во состав на најстариот и најголемиот универзитет во земјава. Идните студенти велат дека својата иднина ја гледаат во земјава.
На правниот факултет има 705, а економскиот факултет е со 700 слободни места.
И од Филозофскиот факултет велат дека се задоволни од бројот на досега пријавени студенти. Најголем интерес има за психологија.
Резултатите од првиот уписен рок на УКИМ ќе бидат објавени на 3-ти септември. Вториот уписен рок на скопскиот универзитет е на 17-ти и 18-ти, третиот на 27-ми септември.
Цената за партиципација останува непроменета, што значи дека за редовните студенти во државната квота останува 200 евра годишно, а за редовните што ќе ги кофинансираат студиите и за вонредните студенти е 400 евра годишно.
Ана Јосифоска-Тодоровска
