Јолевски: Македонија останува посветена на стратешкото партнерство со САД

10.07.2014 10:32

Министерот за одбрана укажал дека Македонија останува на патот за целосно интегрирање во НАТО и дека се разгледува можноста за идното наше учество во мировните мисии под покровителство на НАТО и Обединетите нации...

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски во Пентагон оствари средба со помошникот секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања, Дерек Колет.

Јолевски укажал дека Македонија останува на патот за целосно интегрирање во НАТО и дека се разгледува можноста за идното наше учество во мировните мисии под покровителство на НАТО и Обединетите нации.

Од македонскиот министер бил понуден и центарот за обука на пилоти како можност за обука на авганистански безбедносни сили.

Помошникот американски секретар упатил благодарност за севкупниот ангажман на АРМ во мировните мисии. Била истакна потребата за  унапредување на  стратегиското  партнерство меѓу САД и Македонија, врз основа на декларацијата потпишана во 2008-та година.

Министерот Јолевски во Вашингтон оствари средби со сенатори и конгресмени, при што од нив била искажана поддршката за нашето  Евроатлантско интегрирање.