Правда

Средба Филков-Милер

29.08.2024 16:40

Се дискутираше за заедничките идни активности, предизвици и можностите за успешна соработка...

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со претставничката на Детскиот фонд на Обединети Нации – УНИЦЕФ, Лесли Милер.

Се дискутираше за заедничките идни активности, предизвици и можностите за успешна соработка.

Приоритет на заедничка заложба останува целосното остварување на најдобриот интерес на детето согласно Конвенцијата за правата на детето.

Исклучително важно е да се следи имплементација на Законот за правда за децата и да се унапредат капацитетите на сите субјекти во системот за правда за деца во државата. Новиот Закон ја нагласува неопходноста за специјализација на субјектите и во таа насока е потребно да се продолжи со обуките на правните професионалци за третман и заштита децата, жртви или сведоци на насилство и криминал како и пристапот до ресторативна правда.

Активностите во наредниот период ќе се фокусираат на собирањето на податоци и статистиката согласно Законот за правда за децата, како и поголема ресоцијализација и рехабилитација согласно меѓународните стандарди во оваа област.

Министерството за правда ќе продолжи интензивно да работи во партнерство со УНИЦЕФ во процесот за натамошното зајакнување на системот за правда на децата со унапредување на законските решенија за правна заштита.