евроинтеграции

Мицкоски: Стартот на преговорите не зависи од нас

29.08.2024 18:05

Според Мицкоски, ние направивме доволно и сега некој треба да ни ја подотвори вратата...

„Изминатите години имаше многу неправди кон Македонија, дојде времето кога треба сето тоа да се испочитува“ – изјави хрватскиот премиер Пленковиќ по средбата со македонскиот, Мицкоски во Загреб. Ќе се залага за подинамичен процес на пристапување на земјава кон Европската унија. Според Мицкоски, ние направивме доволно и сега некој треба да ни ја подотвори вратата.

Викторија Милевска е специјалниот известувач за Македонската телевизија од Загреб.