Советниците во Град Скопје дадоа зелено светло за нови 120 вработувања во „Комунална хигиена“
По долги преговори и разговори, на денешната седница на Град Скопје, советниците дадоа зелено светло за нови 120 вработувања во „Комунална хигиена“. Власта и опозицијата сега очекуваат резултати од градоначалничката и според нив, нема простор за изговори за нехигиената во главниот град...

Собранието на Град Скопје ја одобри Програмата за „Комунална хигиена“ на градоначалничката Арсовска со вработување на 120 хонорарни работници до крајот на годинава за подобрување на проблемот со ѓубрето во градот. Дебата имаше околу тоа кој прави диви депонии во градот и како да се спречат.
Повторно не помина Предлогот за брз автобуски транспорт и набавка на еколошки автобуси. Останува неизвесно како скопјани од септември кога почнува и новата учебна година, ќе се превезуваат во градот.
Ирина Гелевска
