регион
Макрон пристигна во дводневна посета на Србија
29.08.2024 21:47
Пред средбата на двајцата претседатели беше потпишан договор за купување на 12 авиони „рафал“...

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во дводневна посета на Србија.
„Би сакал денеска да испратам порака за пријателство од Франција до Србија и на најодлучен начин да објавам дека на вашата земја местото и е во Европа, во Европската унија“, изјави Макрон на почетокот на својата посета на Белград.
„Имавме долги разговори, ќе ги продолжиме вечерва до доцна во ноќта, ќе ги имаме и утре за сите стратешки прашања, и билатерални и за патот кон ЕУ“, рече Вучиќ.
Пред средбата на двајцата претседатели беше потпишан договор за купување на 12 авиони „рафал“.
