Временска прогноза
Претпладне сончево, попладне на повеќе места повремен дожд и грмежи
30.08.2024 08:02
Максималната температура ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност.

Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност.
Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Максималната температура ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност.
Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Максималната температура ќе достигне до 32 степена.
