Плодоред- нов услов за користење на државно земјиште
10.07.2014 10:46
За корисниците на државното земјоделско земјиште, нов услов. Доколку одгледуваат житни култури секоја петта година мораат да воведуваат плодоред. Целта е зголемување на приносите и зачувување на квалитетот на почвата...

Новите корисници на државното земјоделско земјиште имаат обврска да воведуваат плодоред.
Доколку одгледуваат жита, секои 5 години ќе мора да сеат други едногодишни култури.
Земјоделецот најмалку два пати ќе мора да одгледува и индустриски, добиточни или градинарски култури за закупотот од петнаесет години предвиден за едногодишните житни насади.
Плодоредот како агротехничка и еколошка мерка е за добивање поголем принос и подобар квалитетот на почвата.
Во последните 7 години распределени се 45.000 хектари државно земјоделско на 5.600 фармери.
Продолжува и доделувањето на земјиште на лицата корисници на социјална помош.
Досега договори склучиле 520 социјалци.
Методија Трајков
