Анкети

Харис со предност пред Трамп

30.08.2024 09:19

Според „Волстрит Џурнал“, Харис има поддршка од 48 насто од гласачите, додека Трамп 47 проценти. Анкетата на Ројтерс/Ипсос, пак, покажува дека актуелната американска потпретседателка предизвикала обновен ентузијазам кај гласачите и води четири проценти пред Трамп.

Најновите анкети пред изборите во ноември во САД покажуваат предност на Демократската претседателска кандидатка Камала Харис пред републиканскиот ривал Доналд Трамп.

Според „Волстрит Џурнал“, Харис има поддршка од 48 насто од гласачите, додека Трамп 47 проценти. Анкетата на Ројтерс/Ипсос, пак, покажува дека актуелната американска потпретседателка предизвикала обновен ентузијазам кај гласачите и води четири проценти пред Трамп.

Потпретседателката Харис во нејзиното прво големо телевизиско интервју истакна дека мора да се постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа. Оцени дека администрацијата на американскиот претседател Бајден успеала да ги намали илегалните премини на мексиканско-американската граница, како и да ја закрепне економијата по пандемијата на коронавирусот.