Договорени три одделни тридневни паузи во борбите во различни делови на Газа
Израелската армија и Хамас се договорија за три одделни тридневни паузи во борбите во различни делови на Појасот Газа за да дозволат околу 640.000 деца да бидат вакцинирани против детска парализа.

Израелската армија и Хамас се договорија за три одделни тридневни паузи во борбите во различни делови на Појасот Газа за да дозволат околу 640.000 деца да бидат вакцинирани против детска парализа. Претставникот на Светската здравствена организација за регионот на Блискиот исток вели дека вакцинацијата треба да почне во недела, а паузите во борбите ќе се спроведуваат по зони. Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Галант повика на проширување на војната во Газа на северниот фронт, за да се овозможи враќање на населението во пограничниот регион со Либан, по евакуацијата поради нападите на Хезболах.
