Фудбал - СП Бразил 2014

Дијаметрално спротивно до финале

10.07.2014 10:49

Се чини се што требаше и не требаше се задоволи и понуди прексинојќа во мундијалската ½ финална ноќ Бразил-Германија(1:7). Па така, вчерашниот дуел Холандија-Аргентина за финале со Германците, ни од далеку не личеше на нешто што треба да значи планетарна борба за последнен мундо меч. Пеналите мораа да го дадат одговорот кој против Германија в недела, а одговорот е Аргентина.

Се чини се што требаше и не требаше се задоволи и понуди прексинојќа во мундијалската ½ финална ноќ Бразил-Германија(1:7). Па така, вчерашниот дуел Холандија-Аргентина за финале со Германците, ни од далеку не личеше на нешто што треба да значи планетарна борба за последнен мундо меч. Пеналите мораа да го дадат одговорот кој против Германија в недела, а одговорот е Аргентина.

Можеби поучени баш од пресметката во Бело Хоризонте, синојќа во Сао Паоло се гледаше одбрана, игра на средина. Напаѓачките ѕвезди од типот, Робен, Ван Перси или Меси не воодушевија ама баш со ништо. Мачните 120 минути, на моменти досадни не беа доволни да се затресат обете мрежи. Би се рекло инцидентни шанси, без конкрететна завршница.

Пенал рулетот го минаа аргентинците, за разлика од нив не им се посреќи повторно на Холанѓаните. Јунакот на пенал коцката со Костарика за портокаловите Крул, овојпат не застана да го одбрани националниот гол. Ван Гал се реши довербата да ја остави на првиот чувар на мрежата во репрезентацијата Силесен, кој како и досегашните 20-тината шутеви во неговата кариера упатени кон него од белата точка што не ги спречил, така ниту синојќа тоа не му тргна од рака. Затоа неговиот колега од спротива аргентинецот Ромеро, стана херојот по одбранетите два пенали, првиот на Влар како за своја сатисфакција, а холандска дестабилизација и третиот на Снајдер за веќе речиси ширум отворената врата на Маракана. Прецизни каи Холанѓаните останаа запишани Робен и Кајт, додека аргентинците сите си ја сработија како треба задачата. Прво Меси, па Гарај, па Агуеро за сполавување по терен да донесе Родригез.

Аргентина оди во 4-то финале по пауза од 1990-тата, досега има два мундијалски трофеи. Холандија иако со супер тим од клупа до терен, за жал останува и натаму да мечтае за престижниот пехар.

Неделното финале во името на Германија и Аргентина ќе ја има тежината на 5 мунијалски трофеи. Ќе запишат ли моќните германци 4-та ѕвездичка или Аргентина трета, гледаме в недела од 22 часот кога од лице место од убавицата Маракана со глас и слика ќе бидете привилегирани со Македонската телевизија.