Обвинителството не нашло одговорност кај Максути за несервисираните „Ер трактори“
Поранешниот прв човек на дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, нема да одговара за несервисираните „Ер трактори“ кои ни беа неопходни во борбата со огнените стихии пред три години. Обвинителството не нашло одговорност...

Поранешниот прв човек на дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, нема да одговара за несервисираните „Ер трактори“ кои ни беа неопходни во борбата со огнените стихии пред три години. Обвинителството постапувало по кривичната пријава поднесена од „Левица“, но, не утврдило проблем со јавните набавки или со постапувањето на Максути.
„Прибраните докази упатуваат на фактот дека постапките за јавните набавки за поправка и сервисирање на авионите биле законски спроведени“, велат од Обвинителството.
Сепак, оттаму информираат дека е оформен предмет, откако Државниот завод за ревизија објави извештај за успешноста на системот за управување со кризи и заштита од пожари. Предметот е во предистрага.
„Ер тракторите“ во 2021-та останаа приземјени зашто немало кој да ги сервисира.
