Инфраструктура

Изградбата на автопатот Скопје – Блаце ќе се ревидира, се бара посоодветно решение

30.08.2024 12:57

По најавите на министерот за транспорт и врски Александар Николовски дека изградбата на автопатот Скопје – Блаце ќе се ревидира и дека втората делница долга 12 километри е тешко остварлива, се огласи неговата заменичка, Калтрина Зеколи-Шаќири...

По најавите на министерот за транспорт и врски Александар Николовски дека изградбата на автопатот Скопје – Блаце ќе се ревидира и дека втората делница долга 12 километри е тешко остварлива, се огласи неговата заменичка, Калтрина Зеколи-Шаќири. Таа појаснува дека автопатското поврзување со Косово не е доведено во прашање, само се бара посоодветно решение.

Во писменото соопштение се наведува дека поради погрешниот и нелогичен избор на траси од претходните раководители на Јавното претпријатие државни патишта, кои избрале планински терен кој е тежок и скап за изградба, без јасни причини, сега ќе се бара поодржливо решение.