Македонија

Ристовски: Обезбедени се средства за финансиска поддршка во спортот

30.08.2024 13:14

Наредната недела ќе бидат објавени повиците кои ќе важат за сите спортски федерации и клубови кои се натпреваруваат во Европа. Ќе биде еден значителен финансиски инпут и за сите спортски федерации и за сите спортски клубови кои се натпреваруваат во Европа...

Обезбедени се финансиите за ваучер системот и за субвенционираните средства за спортот кои не биле буџетирани од претходната влада, изјави министерот за спорт Борко Ристовски. Од Лотаријата се обезбедени за новата програма за помагање на врвниот спорт преку повик на спортските федерации и клубови кои се натпреваруваат во Европа. Ристовски вели дека е особено горд за законските измени со кои ќе бидат отстранети критериумите кои ја создавале корупцијата во ваучерскиот систем.

Наредната недела ќе бидат објавени повиците кои ќе важат за сите спортски федерации и клубови кои се натпреваруваат во Европа. Ќе биде еден значителен финансиски инпут и за сите спортски федерации и за сите спортски клубови кои се натпреваруваат во Европа. Министерството за спорт изминатите два месеци работеше напорно. Направивме неколку измени на закон, со кои критериумите од т.н. ваучерски систем во најголем дел ги тргнавме. Она што значеше корупција во тој систем го тргнавме од вреднувањето на добивање на финансиски помош од државата – истакна Ристовски.

Според Национална стратегија за спорт, нагласи, најголем дел во финансирањето ќе ги носат четири федерации, кои и носат најголеми успеси на Македонија.

Македонија од сега па натаму ќе живее еден поинаков финансиски свет, ќе живее една поинаква финансиска помош во спортот, која ќе значи вложување во спортот вложување во млади и во врвниот спорт. Нема да бидат заборавени сите гранки. Целта е развој на врнвиот спорт, поддршка на младите таленти во државата како на домашен така и на меѓународен план – рече Ристовски.