Македонија

Минчев: Се прави сè за администрацијата да функционира како што треба

30.08.2024 13:29

Минчев ја потенцираше важноста на транспарентноста, одговорноста и ефикасноста како клучни принципи во управувањето со човечките ресурси. Тој истакна дека законските реформи се од суштинско значење за модернизацијата на јавната администрација и за обезбедување подобри услуги за граѓаните.

Како до подобра јавна администрација? Министерот Минчев вели се прави сè за администрацијата да функционира како што треба. Според него, министерството како клучен партнер има значајна улога во овој процес преку обезбедување подобри услови за работа. Со поддршка на Заедницата на единиците на локалната самоуправа организираа кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“.

Минчев ја потенцираше важноста на транспарентноста, одговорноста и ефикасноста како клучни принципи во управувањето со човечките ресурси. Тој истакна дека законските реформи се од суштинско значење за модернизацијата на јавната администрација и за обезбедување подобри услуги за граѓаните.

„Овој настан е одлична можност да се разменат мислења, да се истакнат предлози и да се дефинираат конкретни чекори за подобрување на законската рамка која ја регулира работата на јавната администрација и на локално ниво, бидејќи законите ја опфаќаат и општинската администрација. Нашата цел е да изградиме поефикасна и транспарентна администрација која ќе биде во служба на граѓаните“, изјави министерот Минчев.

Тој исто така ја истакнаа потребата од тесна соработка меѓу централната и локалната власт во процесот на подготовка и спроведување на реформите.