Македонскиот фолклор се негува и преку океанот

10.07.2014 11:06

Играорците од Мелбурн Австралија, на сред Струмица покажаа дека и преку океани се негува македонскиот фолклор и традиција...

Кичевски и пирински игри, цвеќеберачките. Играорците од Мелбурн Австралија, на сред Струмица покажаа дека и преку океани се негува македонскиот фолклор и традиција. Членовите на културно уметничкото друштво „Никола Карев“ 37 години го чуваат духот на Македонија и Македонецот во далечната земја. Велат дека 100-ната членови македонската тарадиција ја шират на голем број настапи и низ целиот свет.
 
Доаѓањето на австралиските гости во Македонија има за една единствена цел, враќање и запознавање на родното огниште на нивните татковци и дедовци и чувствувањето на изворниот мелос и традиција.
 
Играорците од Австралија својот репортеар го претставуваат низ седум градови во Македонија.
 
Катерина Давчева