Наградниот фонд во Лигата на шампионите се зголеми на 2,5 милијарди евра

30.08.2024 14:09

Во својот нов формат, наградниот фонд на Лигата на шампионите ќе скокне за 25% на минимум 2,5 милијарди евра по сезона, со резервирани 150 милиони евра за победникот во зависност само од резултатите...

Во својот нов формат, наградниот фонд на Лигата на шампионите ќе скокне за 25% на минимум 2,5 милијарди евра по сезона, со резервирани 150 милиони евра за победникот во зависност само од резултатите. Секој од 36-те тимови добива првични 18,6 милиони евра, а потоа 2,1 милиони евра за секој освоен натпревар. Сумата за реми е 700.000 евра, пишува „Меч Телеграф“.

Секое место погоре на рангирањето носи повеќе пари – предвидено е 275.000 евра по место. Ова значи дека тимот што заврши на првото место во главната фаза ќе земе 9,9 милиони евра, а последниот тим 275.000 евра.

Оттука, бонусите се подигнуваат во чекори од 11 милиони евра за минување на секоја фаза од директните елиминации.