Алкараз елиминиран во второто коло на УС Опен
30.08.2024 14:22
Шпанскиот ас во изјава за медиумите во преден план ја стави одличната партија на Холанѓанецот.
Карлос Алкараз претрпе неочекуван пораз во второто коло на УС Опен против Ботик ван де Зандшулп во три сета. Шпанскиот ас во изјава за медиумите во преден план ја стави одличната партија на Холанѓанецот.
Тој беше неверојатен. Воопшто не ми даваше поени, не грешеше, што и очекував. Како тоа да ме вознемири. Моето ниво беше постојано исто, а тоа не беше доволно за да си дадам шанса да победам. Направив многу грешки, не ја погодував добро топката. Кога се обидов да се вратам, веќе беше доцна, изјави Алкараз.
Сепак, според третиот играч на светот, тој ја имал најголемата пресметка со себе во текот на целиот натпревар.
