Високо образование

Втор ден уписи на факултетите

30.08.2024 14:54

Втор ден уписи на Унивезитетот „Свети Кирил и Методиј“. Некои факултети бележат зголемен интерес за студирање, кај други веќе постои опасност во блиска иднина да останеме без потребните струки …

Откако се пријавија електронски, овие два дена идните бруцоши ги достават своите оригинални документите во хартиена форма на универзитетите.

Иако вчера имаше повеќе метеж, и денеска екипата на Македонската телевизија забележа студенти кои доставуваа документи. Поголем интерес за упис за разлика од лани има и на Факултетот за земјоделски науки и храна. Идната студентка на овој универзитет, Срна Велковска вели дека полека го остварува сонот од детството.

На Земјоделскиот факултет има околу 400 слободни места. На студентите покрај теоретска им се нуди и практична настава. По завршувањето на студиите веднаш може да почнат со производство на храна.

На Природно-математичкиот факултет има најмногу слободни места, а бројката на кандидати е како и претходните години. На ПМФ најмал интерес за метеорологија. Професорот Спиридонов објаснува дека во време на климатски промени, ваков кадар е потребен и во иднина.

Резултатите од првиот уписен рок на УКИМ ќе бидат објавени на 3-ти септември. Вториот уписен рок на скопскиот универзитет е на 17-ти и 18-ти, третиот на 27-ми септември.

Ана Јосифоска-Тодоровска