Македонија

Упатени закани кон советничка во Карпош од невладината „О2 Иницијатива“

30.08.2024 15:05

Советничка во Карпош од невладината „О2 Иницијатива“ добила закани да престане да води битка против изградбата на зградата кај Воена болница. Ги пријавила во полиција, епилог засега нема. Организацијата бара Министерството за транспорт како второстепен орган да ја поништи градежната дозвола, а претстави и платформа за борба против корупцијата во урбанизмот...

Советничка во Карпош од „О2 Иницијатива“ добила закани да престане да зборува против изградбата на зградата кај болницата „8 Септември“. Оттаму ги пријавиле заканите и очекуваат полицијата да постапи по нив, но, очекувањата имаат и од Министерството за транспорт како второстепен орган да ја поништи градежната дозвола.

Од Коалицијата велат дека корупцијата е присутна на сите нивоа во урбанистичкото планирање, па наместо државата, приватни лица финансираат детални урбанистички планови, од почеток до крај.

Иницијативата в понеделник до Собрание ќе поднесе предлог-амандмани за измена на Законот за урбанистичко планирање, за зголемување на транспарентноста и за намалување на ризиците од корупција.

 

 

Александра Велинова