Министерството за транспорт бара алтернативна траса за автопатот кон Блаце
Еден километар – 20 милиони евра. Министерството за транспорт и врски бара алтернативна траса за автопатот до Блаце. Оттаму појаснуваат дека претходно избраната била премногу скапа и со многу тунели, па за 12 километри ќе требало да платиме 240 милиони евра. Проблеми има и на трасата Кичево-Охрид.

Министерството за транспорт бара алтернативна траса за автопатот кон Блаце. Бил проектиран на планински терен со многу тунели, па за 12 километри ќе треба да платиме 240 милиони евра или 20 милиони евра по километар. Решението кое сега се разгледува е покрај постојната патека што треба да донесе и пониска цена.
Проблеми има и на трасата Кичево – Охрид. Владата со законските измени кои ги предлага и кои идната недела треба да поминат во Собрание, треба да премости дел од проблемите со асфалтирањето на делницата, за да почне да се пушта дел по дел од автопатот.
Николоски очекува следната пролет, делови од автопатот да бидат ставени во функција, а до крајот на 2026-та делницата конечно да биде завршена. Таму сè уште има проблеми со експропријацијата, со објекти на трасата и со свлечиштата.
Игор Панов
