ДКСК

Да се укине државното финансирање на партиите и да се казнуваат институциите што кријат податоци, бара ДКСК

30.08.2024 15:34

Антикорупциска препорача да се укине државното финансирање на партиите и да се казнуваат институциите што кријат податоци. Половината од институциите не ја исполниле законската обврска да достават податоци за службените возила со кои располагаат. За изборниот процес годинава Комисијата поднесе 6 иницијативи за кривично гонење и 4 за утврдување одговорност на службени лица...

Антикорупционерите бараат казни за институциите откако констатираа дека едвај половина од задолжените со службени возила го прикажале возниот парк до Комисијата. Меѓу оние за кои постои сомнеж дека намерно ги кријат податоците се и 10 министерства. Антикорупциска посочува дека ризично е што 64 отсто од парите за финансирањето на изборните кампањи се буџетски поради можни влијанија на партиите врз уредувачката политика на медиумите, па бара негово укинување.

Во врска со изборниот процес, годинава Комисијата поднесе 6 иницијативи за кривично гонење против екс заменик министерот за внатрешни работи поради распоредување на вработени, в.д. директорот на зоолошката градина и градоначалникот на Шуто Оризари, потоа за екс министерот за здравство за разрешување на директор на Клиниката за кардиохирургија и екс организацискиот директор за Токсикологија.

Комисијата поднесла и 4 иницијативи за утврдување одговорност на службени лица. Димитриовска уверува дека извештајот дава јасна слика за изборните кампањи во земјава поради што укажува на итноста од реформи, кои ќе обезбедат фер и транспарентен процес во иднина.

 

Фиљана Кока