Отворено писмо од Арсовска до премиерот Мицкоски
Побара да ги вразуми советниците од ВМРО-ДПМНЕ во градот, бидејќи според неа, неодговорно е скопјани да бидат жртви на самоволието на 23-ца, кои се служат со блокади, деструкција и политички манипулации...

Додека ЗЕЛС и бара оставка, градоначалничката Арсовска му пиша отворено писмо на премиерот Мицкоски. Побара да ги вразуми советниците од ВМРО-ДПМНЕ во градот, бидејќи според неа, неодговорно е скопјани да бидат жртви на самоволието на 23-ца, кои се служат со блокади, деструкција и политички манипулации.
Арсовска побара владата да го плати долгот од 8 милиони евра кон ЈСП, но и милионските долгови кон Комунална хигиена, Дрисла и Водовод и канализација. Таа на премиерот Мицкоски му фрли и ракавица – го повика да набави автобуси во главниот град, а ако владата нема пари, градот на посебна сметка да ги префрли средствата за да се спроведе набавката.
Арсовска предлага вонредна седница на Советот на 4-ти септември за набавка на 250 еколошки автобуси.
