МЗШВ

Трипуновски: Поделени 493 милиони денари за зелена нафта

30.08.2024 17:24

Министерот додаде дека во Струмица се поделени преку 4.500 картици за зелена нафта со вредност од над 39 милиони денари...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски заедно со директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев ја посетија подрачната единица при МЗШВ во Струмица, каде што од денес се поделени преку 4.500 картици за зелена нафта.

„Денеска сме овдека во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица, од денес почна да се делат картиците за зелена нафта. Министерството одвои 493 милиони денари, со овие пари ќе бидат покриени трошоците за зелена нафта на 46.000 земјоделци“, истакна Трипуновски.

Министерот додаде дека во Струмица се поделени преку 4.500 картици за зелена нафта со вредност од над 39 милиони денари.

Министерот појасни оваа мерка треба да се ревидира бидејќи истата оваа мерка треба да има целосен ефект врз земјоделското производство.