Џихадистите во Ирак целат кон нуклеарки и хемиско оружје
10.07.2014 11:19
Според САД, опасност не постои – не се работи за збогатен ураниум и од материјалите не може да се направи оружје...

Џихадистите во Ирак се здобиле со нуклеарен материјал. Багдад ги предупреди Обединетите нации дека биле одземени 40 килограми ураниумски соединенија од научниот центар на универзитетот во Мосул.
Сепак, според САД, опасност не постои – не се работи за збогатен ураниум и од материјалите не може да се направи оружје.
Само еден ден претходно, исламистите зазедоа фабрика за хемиско оружје и делови од ракети со нервен гас, кои за среќа, според експертите, биле исто така неупотребливи.
