Работна средба на министерот Тошковски и претседателката Сиљановска-Давкова
На средбата главна тема беа големите пожари со кои се соочивме ова лето и одговорот на институциите и системот во справувањето со нив. Заедничка беше констатацијата дека координацијата помеѓу полицијата и армијата, посебно околу гасењето на пожарите во југоисточниот дел на земјата, беше на исклучително високо ниво, што многу помогна во справувањето со огнените стихии...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Охрид оствари работна средба со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.
На средбата главна тема беа големите пожари со кои се соочивме ова лето и одговорот на институциите и системот во справувањето со нив. Заедничка беше констатацијата дека координацијата помеѓу полицијата и армијата, посебно околу гасењето на пожарите во југоисточниот дел на земјата, беше на исклучително високо ниво, што многу помогна во справувањето со огнените стихии.
Во таа насока министерот Тошковски и претседателката Сиљановска-Давкова разговараа за планираните реформи во креирање на модерен и ефикасен систем за управување со кризи, кој брзо и ефикасно ќе одговара на сите кризни појави во нашата држава.
Министерот ја информираше претседателката за безбедносната состојба во нашата држава, актуелните оперативни акции, посебно во градот Скопје, и посветеноста на полицијата за одржување на безбедноста и сигурноста на сите наши граѓани.
