Временска прогноза

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

31.08.2024 08:39

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, наместа засилен ветер од североисточен правец...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, наместа засилен ветер од североисточен правец. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и град. Максималната температура ќе достигне од 26 до 33 степени. UV=6

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.