Обвинителство

Дилери затекнати при препакување марихуана во тетовско, поведена истрага

31.08.2024 08:53

На 28 август, двајцата осомничени, во атарот на селото Палатица, држеле наркотична дрога марихуана...

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

На 28 август, двајцата осомничени, во атарот на селото Палатица, држеле наркотична дрога марихуана. Во импровизирана колиба полициските службеници ги откриле додека ја препакувале дрогата за натамошна продажба. Биле пронајдени и одземени околу 78 грама марихуана во повеќе помали пакувања.