Германија
Жена со нож повреди пет лица во автобус во Германија
31.08.2024 09:13
Пет лица се повредени, од кои три се во критична состојба, по напад со нож на автобус во западниот германски град Зиген, соопшти полицијата...

Пет лица се повредени, од кои три се во критична состојба, по напад со нож на автобус во западниот германски град Зиген, соопшти полицијата.
32-годишната жената која го извршила нападот е уапсена. Засега нема информации за мотивот на нападот. Инцидентот се случи една седмица по смртоносниот напад со нож во Солинген, западна Германија, кога напаѓачот уби три, а повреди осум лица.
Осомничениот сторител, 26-годишен сириец е во притвор. Исламска држава ја презеде одговорноста за тој напад, иако германските власти сè уште ја истражуваат веродостојноста на тврдењето.
