САД планираат да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на средбата со неговиот украински колега Рустем Умеров во Пентагон порача дека Соединетите Американски Држави имаат намера да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина...

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на средбата со неговиот украински колега Рустем Умеров во Пентагон порача дека Соединетите Американски Држави имаат намера да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина.
САД и нивните сојузници ќе продолжат да ја обезбедуваат клучната опрема што Киев треба да ја одбрани од тековната руска инвазија, која започна во февруари 2022 година, рече Остин.
Медиуми претходно објавија, повикувајќи се на украински функционер, дека Киев исто така планира на американската влада да и претстави список на потенцијални цели во Русија. А, во руски напад на градот Харкив во североисточна Украина, погодени станбена зграда и игралиште, при што загинаа шест луѓе, а беа ранети повеќе од 40, објавија локалните власти.
