Израел

Продолжуваат нападите меѓу Израел и Хамас

31.08.2024 09:40

Четири Палестинци загинале во израелскиот напад на конвој за помош во Рафа, на југот на Појасот Газа...

Продолжуваат нападите меѓу Израел и Хамас. Четири Палестинци загинале во израелскиот напад на конвој за помош во Рафа, на југот на Појасот Газа.

Околу 40 ракети од Либан биле истрелани кон западна Галилеја, соопшти израелската војска, која претходно соопшти дека ги завршила воените операции во Кан Јунис и Деир Ал-Балах, на југот на Газа и дека се подготвуваат за нови задачи.

Според Светската здравствена организација, поради израелските напади, половина од болниците во Газа само делумно обезбедуваат услуги за вакцинација против детска парализа.