Прилеп

Жителите на Небрегово бараат да им се врати изворот

31.08.2024 11:14

Жителите на родното село на Конески, Небрегово бараат да им се врати изворот што од дамнина им ги наводнувал нивите и им ги гаснел пожарите. Откако се копале каналите за заедничкиот пат на трите рудници за мермер, водата скипнала. Сметаат дека е еколошки проблем и бараат помош...

Изворската вода почнала да исчезнува откако пред две години се копале каналите за заедничкиот пат на трите рудници за мермер. Се појавила огромна дупка.

Се обратиле до локалната самоуправа на Долнени, до инспекторатот за животна средина, до Министерството. Бараат помош и изворот да им се врати со целата дарежливост на водата.

Родното село на великанот Конески брои 100-тина жители. 15-тина работат во трите рудници, од кои најстариот е 30-тина години. Главното занимање е земјоделството и тутунопроизводството.

 

Елизабета Митреска