Нов напад со нож во Германија, шест лица се повредени
Шест луѓе се повредени, од кои тројца во критична состојба откако 32-годишна жена со нож ги нападнала во автобус во западниот германски град Зиген...

Шест луѓе се повредени, од кои тројца во критична состојба откако 32-годишна жена со нож ги нападнала во автобус во западниот германски град Зиген. Осомничената е уапсена, а полицијата го испитува мотивот. Соопштија дека нема индикации за терористички напад. Во моментот на инцидентот во автобусот се превезувале најмалку 40 луѓе. Новиот напад се случува една недела откако во Солинген со нож беа убиени три, а повредени 8 лица.
„На место на настанот затекнавме шест повредени лица кои беа нападнати со нож. Три се здобиле со тешки повреди опасни по живот. На лице место уапсивме 32-годишна Германка како осомничена, истрагата е во тек. Во моментов не можам да кажам повеќе за мотивот или заднината на делото“, изјави Николас Станковкси, портпарол на полицијата во Зиген.
