Русија

Руски хеликоптер со 22 лица исчезна на Камчатка

31.08.2024 12:13

Хеликоптер со тричлен екипаж и 19 патници исчезна на источниот руски полуостров Камчатка

Хеликоптер со тричлен екипаж и 19 патници исчезна на источниот руски полуостров Камчатка, соопшти Федералната агенција за воздушен транспорт на Русија. Хеликоптерот полетал од база во близина на вулканот Вачкажец, но потоа изгубил контакт. Во тек е операција за пребарување и спасување, за да се утврди локацијата на леталото-објавија властите. Надлежните почнаа истрага за нарушување на безбедноста и работењето на воздушниот транспорт.

„Главната дирекција на руското Министерство за вонредни состојби за регионот Камчатка доби информација за воспоставување на неуспешен контакт со хеликоптерот Ми-8 на Авиокомпанијата „Витјаз Аеро“. Копнената група од спасувачкиот центар Камчатка беше веднаш испратена да ја провери рутата на хеликоптерот“, изјави Александар Каниук, Оддел за спасувачки операции на Министерство за вонредни ситуации на Русија.