Координирани бомбашки напади во Западниот Брег, двајца терористи убиени
Три лица се повредени, а двајца терористи убиени откако во координирани напади на Западниот Брег активирале автомобили-бомби обидувајќи се да ги нападнат израелските сили, по што биле ликвидирани...

Три лица се повредени, а двајца терористи убиени откако во координирани напади на Западниот Брег активирале автомобили-бомби обидувајќи се да ги нападнат израелските сили, по што биле ликвидирани.
Тензично останува и на фронтот со Хезболах. Истрелани над 40 ракети кон северен Израел. Не запираат ниту борбите во Газа. Палестинците обвинуваат за израелски воздушен напад врз хуманитарен конвој во кој загинаа четири лица. Тел Авив тврди-биле вооружени.
Во истовреме израелскиот кабинет го поддржа ставот на премиерот Нетанјаху и гласаше за задржување на своите трупи долж границата Газа-Египет што дополнително ги отежнува преговорите за прекин на огнот бидејќи токму повлекувањето на израелската војска беше едно од барањата на Хамас.
