Битола го губи сјајот, се повеќе продавници на Широк сокак се затвораат
Некогаш еден од најмоќните трговски центри на Балканот, денес е со лимитирана ситна трговска мрежа. За разлика од старата битолска чаршија каде на многу дуќани висат катанците на Широк сокак нема затворени дуќани, но видоизменета е сликата...

За малостопанствениците кои над половина век се активни има повеќе причини доходовното да го потисне традиционалното.
Додека оние од старата чаршија немоќно подигаат раменици трговците од најамбиенталната улица поделени во ставовите. Дел велат дека добро заработуваат и дека отворањето на моловите нема влијание дел дека тешко оди и добро се живее само во летните месеци. Ставот на граѓаните многу појасен.
Несомнено дека западната трговија има негативен ефект. Според стручната јавност ситнотрговскиот сјај може да се врати само со олеснителни пакети кој ќе помогнат онаму каде што сега се негува порокот да се врати трговија.
Стевче Митревски
