Македонија

Последни подготовки пред почетокот на учебната година

31.08.2024 14:29

Учебната година е на прагот. Од понеделник, учениците со нови сили во училишните клупи. Родителите ги прават последните подготовки. Август меѓу народот се смета за еден од потешките месеци во годината, поради зголемените трошоци...

Метеж во книжарниците. Растрчани родители, возбудени и насмеани деца. Последни подготовки за првиот училиштен ден. За децата радост, за родителите дополнителен трошок. Списокот што го добиле од наставниците е долг. Училишната кошница ќе тежи од 2.000 до 5.000 денари.

Секој родител сака соодветно да го подготви своето дете за првиот училиштен ден кој што стартува в понеделник. Ги прашавме родителите дали е ова оптеретување за семејниот буџет и од прилика колку е потребно да издвојат за училишната кошница и има ли цени за сечиј џеб.

Трошокот за првачиња е уште поголем. Освен ранец, тие треба да бидат подготвени и со нова облека, патики, но и торта за да се одбележи почетокот на тргнување во училиште.

Според министерката за образование Јаневска, сè уште има учебници во печат, но се надева дека до почетокот на новата учебна година ќе бидат готови. Учебници за странски јазици нема да има.

 

Александра Спировска