Западно-нилска треска

Олумчев: Надлежните сериозно да ја сфатат потребата за навремено прскање против комарци

31.08.2024 14:50

Западно-нилска треска не е донесена, заразата е од директно од Македонија. Надлежните со загриженост-апелираат итно да се прска против комарци, за да не се прошири болеста...

Западно-нилската треска циркулира и во земјава, заболената пациентката од Тетово не била во странство, за разлика од претходните два случаи регистрирани годинава, алармира епидемиологот Сашко Олумчев. И следната година сигурно ќе имаме нови случаи, вели простор за паника нема, ако надлежните сериозно ја сфатат потребата за навремено прскање против комарци, почнувајќи од март.

80 проценти од луѓето каснати од заразен комарец не развиваат симптоми. Кај останатите 20 проценти, 3 до 14 дена од каснувањето може се појави блага треска која поминува сама од себе.

Ова е трет случај за западно-нилска треска во земјава. Првиот беше регистриран во април кај жител од Василево, а вториот во Кочани.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски