Вучиќ на Лајчак му изразил загриженост за ситуацијата на Косово
Српскиот претседател Вучиќ побара од ЕУ конкретни акции во Косово, а не само осуда. Разговарал со специјалниот европски претставник, Мирослав Лајчак...

Српскиот претседател Вучиќ побара од ЕУ конкретни акции во Косово, а не само осуда. Разговарал со специјалниот европски претставник, Мирослав Лајчак, на кој му посочил дека ќе ги искористи сите дипломатски средства за да не дозволи терор врз неговиот народ.
Еу и амбасадата на САД во Косово ја осудија акцијата на косовските сили за затворање на објектите управувани од српските власти во четирите општини на северот. Изутрината пред објектите беше видливо зголемено присуство на полицијата, како и силите на КФОР кои беа распоредени во кордон на мостот на Ибар, а потоа повлечени.
Приштина тврди дека се работи за затворање на паралелни институции кои се нелегални и ги кршат уставноста и законот на република Косово, наспроти тврдењата на Белград дека се работи за правни институции од витално значење за српското население на северот.
